свет

Пакистан: Ден на жалост за жртвите од нападот на предизборниот собир

Најмалку 128 лица беа убиени, а стотици повредени, кога во петокот бомбаш-самоубиец активира направа на предизборниот собир во областа Мастунг

Ekipa  | 15.07.2018 - Обновена : 16.07.2018
Пакистан: Ден на жалост за жртвите од нападот на предизборниот собир

Quetta

КВЕТА (AA) - Пакистанците прогласија Ден на жалост за жртвите од бомбашкиот напад, кој се случи на предизборниот собир во југозападниот дел на земјата, во кој загинаа 132 лица, вклучувајќи го и кандидатот за покраинското Собрание, јавува Anadolu Agency (AA).

Бомбашкиот напад се случи во петокот, во областа Мастунг, кога кандидатот на партијата Белуџистан Авами, Сирај Раисани, имаше предизборен митинг. Во нападот загинаа 128 лица, а стотици се повредени.

Уште еден бомбашки напад се случи во петокот на предизборниот собир во северозападниот дел на Пакистан, при што, загинаа четири лица.

Во канцелариите на партијата Белуџистан Авами се подигнати црни знамиња. Граѓаните носеа транспаренти со кои се осудуваат бомбашките напади.

Премиерот на Пакистан, Насирул Мулк, ја посети провинцијата Квета за да изрази сочувство на семејството Раисани.

Досега, над 150 лица загинаа во нападите во пресрет на изборите закажани за 25 јули.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın