Ден на жалост во БиХ: Денеска ќе се погребаат војниците на Вооружените сили на БиХ
- Погребот на страданиот Салкиќ ќе се одржи денеска во 14,30 во Витез, додека истиот ден во 14 часот Радиќ ќе биде погребан во Невесиње
Ekipa
20 Ноември 2015•Ажурирано: 21 Ноември 2015
Сараево
САРАЕВО (АА) - По повод Ден на жалост во Босна и Херцеговина, денеска на сите институции знамињата се спуштени на пола копје, јавува Anadolu Agency.
Со одлуката на Советот на министри на БиХ, петок, 20.ноември, прогласен е за Ден на жалост. Одлуката е донесена по страдањето на двајцата војници на Вооружените сили на БиХ, Недељко Радиќ и Армин Салкиќ, кои во средата вечерта во сараевската населба Рајловац, во близина на касарната на Вооружените сили на БиХ, од огнено оружје ги уби Енес Омерагиќ, кој потоа изврши самоубиство.
Погребот на страданиот Салкиќ, ќе се одржи денеска во 14,30 часот во Витез, додека истиот ден во 14 часот Радиќ ќе биде одржан погребот на Радиќ.
Комеморација нема да биде организирана поради, како што кажаа од Министерството за одбрана на БиХ, желбата на функционерите да присуствуваат и на двата погреба.