Alııa Raımbekova
27 Декември 2019•Ажурирај: 28 Декември 2019
НУРСУЛТАН (АА) - Најмалку 15 лица загинаа, а 66 се повредени во авионската несреќа која утрово се случи во казахстанскиот град Алмати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заводот за вонредна состајба на Казахстан соопшти дека патнички авион „Фокер 100“ се урнал при полетување од аеродромот.
Авионот на компанијата „Бек ер“ (Bek Air) се срушил во населено место.
Кабинетот на гувернерот на Алмати соопшти дека во авионот имало 93 лица, меѓу кои 8 деца и 5 члена на екипажот.
Според последните информации, во несреќата животот го загубиле најмалку 15 лица, а 66 се повредени.
Министерството за индустрија и инфраструктура на Казахстан привремено ја суспендира работата на компанијата „Бек ер“.