Erdoğan Çağatay Zontur
02 Август 2019•Ажурирај: 03 Август 2019
АНТАЛИЈА
„Турција го произведе првиот комуникациски сателитет на локално ниво“, изјави официјален претставник на Годишниот астрономски фестивал во Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на Националниот фестивал за набљудување на небото, раководителот на Институтот за истражување на вселенските технологии при Научниот и технолошки истражувачки совет на Турција (TUBITAK), Локман Кузу, рече дека „Турксат 6Б“ („Turksat 6B“) е испратен во вселената од инженери на Советот.
Кузу рече дека има различни видови сателити кои се со тежина од околу 10 тони до сателити со дијаметар од 10 сантиметри.
„Имаше уште два сателити произведени од турски инженери, „Расат“ (Rasat) и „Гоктурк 2“(Gokturk 2)“, рече Кузу, додавајќи дека во најава е и скрининг-сателитот „Имеџе“ (Imece).
„Турскиот сателитски оператор Турксат емитува турски серии во соседните земји благодарение на нивната орбитална локација“, додаде тој.
Месут Ѓоктен, заменик-директорот на Институтот за истражување на вселенските технологии, рече дека ТУБИТАК е основан во 1985 година за спроведување на вселенско истражување.
БИЛСАТ, првиот скрининг-сателит во Турција, започна со работа во 2003 година, додека Расат и Гоктурк 2, првите домашни сателити, започнаа со работа во 2011 и 2012 година.
„Расат е првиот експериментален сателит во Турција“, рече Ѓоктен. „Произведен е поради развој на нови технологии“.
Тој додаде дека турските инженери, исто така, спроведуваат разни проекти, во кои се спаѓаат копнена станица, Национален проект за развој на копнена станица (MIYEG) и произведуваат софтвер што се користи во сателитите.
Џезми Јилмаз, директор за сателитска контрола во Турксат, рече дека сателитската флота во Турција опфаќа површина што се шири низ 118 земји и им служи на 3 милијарди луѓе.
Мурат Икинџи, шеф на СТМ, компанија за одбранбени технологии, рече дека објектите за истражување и развој се фокусираат на авијацијата и вселенските технологии, како резултат на развојот, особено во одбранбената индустрија во последните години.
Икинџи рече дека компанијата СТМ има за цел да произведе микросателити, кои се поевтини од обичните сателити.
„Ние спроведуваме истражување и развој на нашиот микросателит „Лагари“, кој планираме да го испратиме во орбитата до 2020 година“, рече Икинџи.
„Преку микросателити, ние имаме шанса да испратиме пет, шест сателити со тежина од околу 70 килограми во орбитата истовремено“, додаде тој, велејќи дека тие можат да се користат за морска навигација.
Фестивалот ќе трае до 4 август.