Michael Gabriel Hernandez
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Мажот кој со автомобил се втурна кон толпа луѓе на божиќната парада во американската сојузна држава Висконсин е обвинет по пет точки од обвинението за убиство со намера и се очекува да се соочи со дополнителни обвиненија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Властите го идентификуваа осомничениот како Дарел Брукс Јуниор (39), а началникот на полицијата во Ваукеша, Ден Томпсон, рече дека тој намерно го возел возилото низ барикадите и во толпата луѓе во предградието на Милвоки. „Ќе следуваат дополнителни обвиненија врз основа на истрагата која е во тек“, рече тој.
Брукс Јуниор е приведен недалеку од местото на настанот, а полицијата соопшти дека е уверена дека тој дејствувал сам.
„Нема докази дека станува збор за терористички инцидент“, рече Томпсон.
Во неделата пет лица загинаа, а 48 лица беа повредени кога црвено СУВ возило „форд“ влета во преполната парада во Ваукеша. Загинати се четири повозрасни жени на возраст од 52 до 79 години кои биле дел од клуб „Dancing Grannies“ и 81-годишен маж.
„Две од повредените се деца и се во критична состојба“, изјави началникот на полицијата.
„Полициски службеник се обиде да го запре возилото пукајќи во него“, изјави Томпсон.