Emre Gürkan Abay
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Русија не планира напад на Украина, порача гласноговорникот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи се на новинарите во Москва, Песков ги коментираше наводите за руските подготовки за „напад“ на Украина и кажа дека такви тврдења постојат во американските и украинските медиуми.
„Ние кажуваме дека Украина се спрема за напад. Ова е мала разлика што треба правилно да се разбере и да се протолкува“, кажа Песков.
Тој нагласи дека Русија не подготвува план за напад на кој било.
„Повеќе пати кажавме дека Русија нема никого да нападне и дека нема агресивни планови. Крајно е погрешно да се тврди спротивното и со такви планови да се поврзуваат маневрите на руските војници во нашата земја“, рече Песков.
Тој додаде дека е загрижен за чекорите на Украина кон Донбас и порача дека „неуспехот во постигнување напредок во спроведувањето на договорот од Минск поттикнува тензична ситуација во Европа“.