Erkan Avci
28 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Во пукање на Државниот универзитет Охајо во градот Колумбус во понеделник загина едно лице, додека се ранети најмалку осум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Надлежните слубжби на американскиот универзитет, откако слушнаа за пукањето, издадоа предупредување на сите студенти да се согкријат и да се погрижат за безбедноста.
Челниците на универзитетот преку социјалните мрежи ги предупредија студентите и персоналот дека низ кампусот се движи вооружено лице.
„Бегајте, скријте се", напишаа на официјалниот Твитер профил.
Локалните власти исто така соопштија дека во пукањето е убиено лицето осомничено за нападот. На социјалните мрежи набргу се шири фотографијата на лцие во кое е пукано на местото на настанот.
Локалните власти во овој американски град соопштија дека локацијата е безбедна и дека студентите можат да ги напуштат склоништата.
Голем број на полицајци сеуште се наоѓа на подрачјето околу универзитетот и сеуште не е потврдено дали се трага за другите лица.
На Државниот универзитетот во Охајо во кампусот Колумбус, еден од најголемите американски универзитети, студираат околу 60 илјади студенти.