Ekipa
19 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
БУДИМПЕШТА (АА) - Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, вчера изјави дека христијанството е последната надеж на Европа и дека политичарите во Брисел, Берлин и Париз, кои ја поддржуваат миграцијата, го отвориле патот за падот на христијанската култура и напредокот на исламот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во својот годишен говор за состојбата на нацијата, Орбан истакна дека неговата влада ќе се спротивстави на напорите на Обединетите нации (ОН) или Европската Унија (ЕУ) да ја направат миграцијата прифатлива во светот.
Тој говореше и за Западна Европа, која ќе ја „заземат муслиманите“, истакнувајќи дека „родените Германци се враќаат од големите германски градови, бидејќи мигрантите секогаш ги заземаат првин големите градови“.
Унгарскиот премиер, кој на изборите во април ќе се бори за третиот последователен мандат, рече дека „исламот наскоро ќе затропа на вратата на Централна Европа од запад и од југ“.