Ekipa
19 Февруари 2018•Ажурирај: 20 Февруари 2018
ЏАКАРТА (АА) - Вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра почна да исфрла густ пепел во височина над 5.000 метри, пренесува Anadolu Agency (AA).
Индонезиската агенција за вонредни состојби соопшти дека не се регистрирани жртви од ерупцијата што се случи утринава.
Портпаролот на агенцијата, Сутопо Пурво Нугрохо, соопшти дека облаците од густ чад се движат до 4.900 метри кон југ.
Планината Синабунг, која е еден од трите активни вулкани во Индонезија, со векови беше во фаза на мирување, сè до активирањето во август 2010 година, кога загинаа две лица. Во ерупцијата во 2014 година загинаа 16 лица, а во 2016 година настрадаа седум лица.
Во последните неколку години, околу 30.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во близина на опасната зона.