свет

Опозицијата прогласи крај на преговорите со Владата на Венецуела

Гваидо тврди дека е невозможно да се дојде до политичко решение со венецуелскиот претседател Мадуро, и ги повика граѓаните во земјата и дијаспората да го зголемат притисокот за промена на власта

Muhammed Emin Canik  | 16.09.2019 - Обновена : 18.09.2019
Опозицијата прогласи крај на преговорите со Владата на Венецуела

КАРАКАС (АА) - Лидерот на опозицијата и самопрогласениот претседател на Венецуела, Хуан Гваидо, соопшти дека нема да учествува на преговорите со Владата кои се одржуваат во Барбадос и дека за опозицијата тој процес е завршен, пренесува Anadolu Agency (AA).

Гваидо на социјалните мрежи ја објави одлуката за повлекување на опозицијата од преговорите кои во Барбадос ги модерира Норвешка.

„Диктаторскиот режим на Николас Мадуро со лажни изговори ја напушти преговарачката маса. Потврдено е дека преговарачкиот процес е завршен, бидејќи Владата 40 дена одбива да се врати на преговарачката маса“, порача Гваидо.

Гваидо исто така тврди дека е невозможно да се дојде до политичко решение со венецуелскиот претседател Мадуро, и ги повика граѓаните во земјата и дијаспората да го зголемат притисокот за промена на власта.

Со посредство на Норвешка, во мај започна преговарачкиот процес во Барбадос, со цел решавање на повеќемесечната длабока политичка криза во Венецуела.

Владата на Мадуро ги прекина преговорите во почетокот на август поради поддршката што ја пружи Гваидо на воведувањето американски санкции кон Венецуела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.