свет

Мисијата на ОН откри нови докази за геноцид над араканските муслимани

Во извештајот се нагласува дека Владата на Мјанмар и понатаму спроведува, и не прави ништо да ги запре систематските и масовните нехумани злосторства над араканските муслимани

Bayram Altuğ  | 16.09.2019 - Обновена : 18.09.2019
Мисијата на ОН откри нови докази за геноцид над араканските муслимани

ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната мисија за независна истрага на насилствата во Мјанмар објави извештај во кој наведува дека постојат нови докази дека мјанмарските власти со геноцидни намери спроведувале злосторства против муслиманското малцинство во Аракан (Рохинџи), јавува Anadolu Agency (AA).

Извештајот на Мисијата при Обединетите нации (ОН) е составуван во изминатата година, а во него се нагласува дека и понатаму постои големо стравување за опстанокот на муслиманите Рохинџа.

Во минатогодишниот извештај Мисијата наведе дека злосторствата кои ги спроведувала мјанмарската војска над Рохинџите содржат четири од вкупно петте елементи на геноцид, а во новиот извештај се наведува дека постојат нови докази кои ја потврдуваат констатацијата за геноцидна намера.

Мисијата, исто така предупредува дека постои ризик од повторување на геноцидните злосторства над муслиманското малцинство.

Во извештајот се предупредува на сѐ потешките услови за живот на 600.000 аракански муслимани, меѓу кои и 120.000 во камповите.

„Во минатогодишниот извештај на Мисијата се наведува дека Владата и војската на Мјанмар извршиле најгрубо кршење на човековите права, вклучително и убиства, силувања и прогони, а повеќето од овие фактори сѐ уште се на сцена. Сѐ укажува дека ситуацијата во Аракан не е променета и дека и понатаму се на сила практиките, законите и политиките кои претставуваат основа на злосторствата на Владата над Рохинџите“, се наведува во извештајот.

Се нагласува дека Владата на Мјанмар и понатаму спроведува, и не прави ништо да ги запре систематските и масовните нехумани злосторства над араканските муслимани. Мисијата на ОН ја обвини мјанмарската Влада дека не прави ништо да ги сопре и да ги процесуира одговорните за злосторствата.

Истражителите на ОН во извештајот наведуваат дека голем број права и слободи се ограничени за 600.000 припадници на муслиманското малцинство во мјанмарската држава Аракан.

Претседателот на Мисијата, Марзуки Дарушман, утре ќе им го претстави извештајот на учесниците на 42. Редовна седница на Советот на Обединетите нации за човекови права во Женева.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın