свет

Во Русија започна големата воена вежба „Центар-2019“

Во воената вежба учествуваат околу 128.000 војници, над 20.000 единици воена опрема и над 600 воздухоплови

Elena Teslova  | 16.09.2019 - Обновена : 17.09.2019
Во Русија започна големата воена вежба „Центар-2019“

МОСКВА (АА) - Во Русија денеска започна големата воена вежба „Центар-2019“, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).

Свеченото отворање на шестдневната вежба се одржа во јужниот руски регион Оренбург со учество на воените челници на Кина, Индија, Казахстан, Киргистан, Пакистан, Узбекистан и Таџикистан.

Во воената вежба учествуваат околу 128.000 војници, над 20.000 единици воена опрема и над 600 воздухоплови.

Одредени фази од вежбата ќе се реализираат во земјите членки на Организацијата за колективна безбедност (CSTO) - Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.

Вежбата, која ќе трае до 21 септември, има за цел да ги унапреди вештините на меѓудржавните коалициски сили во борбата против тероризмот во светот, да ја осигура безбедноста во однос на стратешкото значење на Централна Азија и да ја зајакне соработката помеѓу сојузниците.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın