Salim Taş
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
ХАТАЈ (АА) - За време на операцијата „Маслинова гранка“ која се спроведува од страна на Турските вооружени сили (TSK), фатени се седум терористи на терористичката оргаизација ПЈД/ПКК, кои потоа биле донесени во турскиот град, Хатај, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата „Маслинова гранка“ продолжува во Африн, северозападна Сирија, која започна на 20 јануари со цел обезбедување на безбедноста и стабилнсота на границите и регионот, неутрализирање на терористите припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ, и со цел спасување на пријателскиот и братски народ во подрачјето од суровоста на терористи.
Во рамките на операцијата, фатени се седум терористи во руралното подрачје на Африн, од страна на припадниците на Турските вооружени сили (TSK) и Слободната сириска војска.
По извршените процедури, тројца од вкупно седумте фатени терористи, кои биле донесени во Рејханли и Хатај, се изведени пред судот, а потоа притворени.
Процесуирањето на другите терористи сè уште продолжува.