Ekipa
22 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
ХАТАЈ(АА) - Во минофрлачки напад од припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК од подрачјето на Aфрин во Сирија, на подрачјето на Кирикхан, во турската област Хатај загина едно лице, а две се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според првичните информации, проектилот паднал во населбата Калетепе, во подрачјето на Кирикхан, во јужниот дел на Турција.
Во пограничната област беа испратени противпожарни и жандармериски тимови, како и екипи на брза помош.
Повредените лица се хоспитализирани.
Турските сили во саботата ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“ во Африн со цел воспоставување на безбедност во пограничното подрачје, неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата која под окупација ја држат терористите и спас на братскиот народ на тоа подрачје.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.