Syed İftikhar Gilani
13 Август 2019•Ажурирај: 14 Август 2019
ЏАКАРТА (АА) - Турскиот амбасадор во Индонезија, Махмуд Ерол Килич, апелираше до муслиманските земји да бараат слични права како петте постојани членки (П5) на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Осврнувајќи се на блиската соработка меѓу Турција и Индонезија во одбрана на правата на Палестинците, тој ја доведе во прашање конвергенцијата на моќта кај само пет членки на Советот за безбедност на ОН.
Во разговор за Anadolu Agency (АА) Килич истакна дека муслиманските земји треба да побараат еднакви права во ОН, заради големата муслиманска популација во светот
„Индонезија е петта земја во светот според бројноста на населението, и е најголемата муслиманска земја“, рече тој.
Дипломатскиот претставник нагласи дека Турција и Индонезија делат слични вредности, бранејќи ги правата на палестинскиот народ на меѓународните форуми.
„И Турција и Индонезија стојат силно зад правата на Палестинците“, рече тој.
Амбасадорот потсети на говорот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк пред извесно време, кој нагласи дека светот е поголем од пет земји.
Килич рече дека палестинските групи бараат поддршка за признавање на нивните права на меѓународно ниво.
„Тие имаат лоби насекаде, дури и на Блискиот Исток“, рече тој.
„Турција и Индонезија дадоа силна поддршка за нивната кауза низ целиот свет“, рече амбасадорот.