Tufan Aktaş
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
АДИС АБЕБА (AA) - Генералната секретарка на економската комисија на Обединетите нации (ОН) за Африка, Вера Сонгве, истакна дека секоја година во Африка се врши корупција од околу 148 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Сонгве за време на нејзиниот говор на 30. Самит на Африканската унија, кој е во тек во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, пренесе дека корупцијата го намалува економскиот раст, инвестициите, државните капацитети, и ја намалува довербата на граѓаните во државните институции. Таа рече дека корупцијата предизвикува сериозен пад на бруто домашниот производ на земјите.
Според проценките на Африканската унија, како што нагласи Сонгве, корупцијата на годишно ниво се проценува на 148 милијарди долари, што претставува 25 отсто од бруто домашниот прозивод на овој континент.
Истакнувајќи дека корупцијата претставува ризик и за инвестициите, Сонгве вели дека корупцијата предизвикува нелегален прилив на пари.
Таа посочи дека Африка треба повторно да се структурира, со цел поефикасно спроведување на борбата против корупцијата.
Од друга страна, Муса Факи Мухамед, претседател на комисијата на Африканската унија, истакна дека потребни се длабоки решенија за да се стави крај на корупцијата на овој континент, и додаде дека ресурсите на Африка треба да се користат за развој.
Мухамед се осврна на напорите на Африканската унија за обезбедување финансиска независност. „Африка не е ништо доколку нема економска независност“, рече тој.
Мухамед пренесе дека реториката на претседателот на САД, Доналд Трамп, која вклучува омраза и дискиминација, кај нив предизвикувале длабок шок.
Инаку, на овој состанок покрај корупцијата се дискутира и околу безбедноста и финансиската структура на унијата. Унијата која опстојува со донациите на странските земји и организации, сака да обезбеди една независна финансиска структура со членарините на земјите-членки.
Во рамките на состаноците во Адис Абебa, на 28 и 29 јануари ќе се одржи самит на лидерите на овие земји-членки.