Hakan Çopur
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Директорот на Фондацијата „Херитиџ“ за надворешна политика, Лук Кофеј, изјави дека обичниот американски граѓанин би бил запрепастен кога би му се појаснила вистинската американска надворешна политика, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Вашингтон е организирана телеконференција на тема „ЈПГ во Сирија: Што може да им донесе на САД и Турција“, во склоп на која се разговараше за рефлексијата на ПЈД/ПКК врз турско-американските односи.
На телеконференцијата зборуваа директорот на Центарот за надворешна политика при Фондацијата „Херитиџ“, Лук Кофеј и членот на Здружението „Хенри Џексон“, Кајл Ортон.
Кофеј истакна дека е неприфатлива поддршката што САД ја дава на ПЈД/ПКК.
„Обичен американски државјанин би бил запрепастен кога би му објасниле дека САД (во Сирија) поддржува неомарксистичка група, и дека таа група е поврзана со група што САД ја прифаќа како терористичка и ги убива НАТО војниците, па дури и американските државјани“, изјави Кофеј.
Тој нагласи дека недоследноста на САД во нивната историја довела до денешната ситуација.
„Белата куќа во времето на Барак Обама на многу неспособен начин стапи во сојузништво со ЈПГ. Сега со тоа управуваме. За сè е сега одговорен претседателот Доналд Трамп, но и тој одлучи да продолжи со оваа стратегија, па дури и да ја удвои“, изјави Кофеј.
Тој, исто така, изјави дека САД досега ѝ дале на Турција голем број ветувања, но не можеле да ги одржат.
„На пример, ПЈД се движеше кон региони за кои САД рекоа дека нема да одат таму. Ветивме дека оружјето што го дадовме на ЈПГ нема да биде користено против Турција. Тоа е невозможно. Тоа е нешто што ја надминува можноста за давање ветувања на американската администрација“, смета Кофеј.
Кајл Ортон истакна дека поддршката на ЈПГ од САД, нанела многу голема штета на американско-турските односи, која тешко ќе биде поправена, а во моментот таа штета не може да се контролира.