Ekipa
01 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
КОК'С БАЗАР (АА) - Извршниот директор на Светската програма за храна (WFP) на ОН, Дејвид Бисли, ја повика меѓународната заедница да пружи поголема помош на муслиманското малцинство на Рохинџа муслимани во Бангладеш, бидејќи во спротивно, како што рече, може да дојде до хуманитарна катастрофа, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од 500.000 аракански муслимани побегнаа од Мјанмар во соседен Бангладеш од почетокот на новиот бран насилства од 25 август досега.
Илјадници од нив сместени во привремени бегалски кампови без услови, покрај границата во Бангладеш, водат борба за опстанок.
„Бангладеш не може да се справува сам со ваков товар. Меѓународната заедница мора да реагира. Потребна ни е помош од целиот свет бидејќи говориме буквално за хуманитарна криза. Доколку не ја добиеме потребната помош, од здравствената заштита, храната, чистата вода, санитарии и засолништа, ова би можело да ескплодира во хуманитарна катастрофа“, изјави Бисли.
Тој истакна дека на Светската програма за храна во наредните пет до шест месеци ѝ се потребни 75 милиони долари за храна за бегалците во Бангладеш.
Араканските Рохинџа муслимани веќе со години се најзагрозеното етничко малцинство во светот, а веќе неколку недели се соочуват со нов бран насилства во мјанмарскиот регион Аракан.
Под изговор за борба против милитантните групи, мјанмарската војска во изминатите неколку дена уништи најмалку 200 муслимански села, од кои стотици илјади жители беа принудени да пребегаат кон соседен Бангладеш.
Поради фактот што во кризното подрачје нема претставници на меѓународните организации, невозможно е да се зборува за прецизниот биланс на загинатите во нападите на муслиманските села. Шефот на дипломатијата на Бангладеш, Абул Хасан Махмуд, изјави дека најмалку 3.000 муслимани се убиени од 25 август до денес.