Ekipa
01 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
ЛАС ВЕГАС (АА) - Поранешниот играч на американскиот фудбал O.Џ. Симпсон е пуштен на привремена слобода откако отслужи девет години затвор поради оружен грабеж, потврдија од затворот во Карсон Сити, во сојузната американска држава Невада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Седумдесетгодишниот Симпсон во наредните пет години ќе биде под надзор и ќе живее во Флорида, изјави портпаролката на затворот.
Симпсон во 1995 година е ослободен од обвинението за убиство на сопругата Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голсман, кое ја шокираше американската јавност, но во затвор заврши 12 години подоцна поради оружен грабеж.
На поранешната спортска и актерска ѕвезда, во јули оваа година му е одобрено привремено пуштање на слобода. Судот одлуката ја образложи со тоа што Сипмсон ги почитувал сите затворски правила, претходно не бил осудуван и дека претставува минимална безбедносна закана за јавноста.