Bayram Altuğ
03 Март 2022•Ажурирај: 03 Март 2022
ЖЕНЕВА
Обединетите нации (ОН) соопштија дека повеќе од 1 милион бегалци минале од Украина во соседните земји поради руско-украинската војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) сподели податоци за бегалската криза во Украина базирајќи се на различни извори.

Според тоа, меѓу 24 февруари и 2 март, над 1 милион бегалци преминале од Украина во соседните земји:
| Земја | Број на бегалци |
Полска
| 505.082
|
Унгарија
| 139.686
|
Молдавија
| 97.827
|
Словачка
| 72.200
|
Романија
| 51.261
|
Русија
| 47.800
|
Белорусија
| 357
|
| други земји | 88.147
|
Дополнително на овие бројки, УНХЦР соопшти дека 96.000 луѓе преминале во Русија од регионите Доњецк и Луганск во периодот 18 ‒ 23 февруари.
УНХЦР предупредува дека ако ситуацијата во Украина дополнително ескалира, земјата може да ја напуштат до 4 милиони цивили.