свет

ОН: Околу 307.000 цивили загинаа како резултат на конфликтите во Сирија во последните 10 години

- Обединетите нации (ОН) соопштија дека бројот на цивили што ги загубиле животите како последица на конфликти од почетокот на Граѓанската војна во Сирија достигнал приближно 307.000

Ömer Faruk Yıldız  | 28.06.2022 - Обновена : 29.06.2022
ОН: Околу 307.000 цивили загинаа како резултат на конфликтите во Сирија во последните 10 години

ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека бројот на цивили што ги загубиле животите како последица на конфликти од почетокот на Граѓанската војна во Сирија достигнал приближно 307.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во извештајот објавен од Високиот комесаријат за човекови права на ОН наведена е ажурирана статистика за цивилните жртви што се случија како резултат на конфликтот помеѓу 1 март 2011 година, кога започна војната во земјата, и 31 март 2021 година.

Во извештајот се потсетува дека во претходните статистики на ОН објавено е дека се регистрирани 143.350 цивилни жртви.

Исто така се проценува дека како резултат на новите употребени статистички методи е утврдено дека во истиот период животот го загубиле уште 163.537 цивили.

Со новите проценети жртви, бројот на цивилни жртви во 10-те години од почетокот на војната е ажуриран на 306.887.

Се додава дека оваа бројка одговара на 1,5 отсто од сириското население. Според статистиката, во последните 10 години секој ден како последица на конфликти гинеле 83 цивили.

Во изјавата за извештајот, високата комесарка на ОН за човекови права, Мишел Бачелет, нагласи дека најавените загуби претставуваат не само нумерички податоци, туку и изгубени животи.

„Овие бројки не го вклучуваат големиот број цивили кои ги загубија животите поради недостатокот на здравствена заштита, храна, чиста вода и други основни човечки потреби“, додаде Бачелет.

Меѓу другото, Бачелет нагласи:

„Постои ризик дека смртните случаи на цивилите во земјата ќе продолжат сè додека конфликтот не заврши.“










На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.