Selen Temizer
28 Јуни 2022•Ажурирај: 28 Јуни 2022
БРИСЕЛ (АА) - ЕУ го осуди рускиот ракетен напад врз трговскиот центар во украинскиот град Кременчук во кој загинаа најмалку 18 луѓе, а многу други беа повредени.
„ЕУ најостро го осудува рускиот ракетен напад на трговскиот центар во украинскиот град Кременчук“, се вели во соопштението од канцеларијата на Жозеп Борел, шефот за надворешна политика на ЕУ.
„Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства.“
Борел рече дека „континуираното бомбардирање“ на цивилите и цивилни објекти е целосно неприфатливо и е еднакво на воени злосторства.
„Русија сноси целосна одговорност за овие акти на агресија и сето уништување и загуби на животи што го предизвикува. За нив ќе одговара“, рече тој.
ЕУ ја повтори нејзината солидарност со украинскиот народ и ќе продолжи да обезбедува поддршка за севкупна економска, воена, социјална и финансиска отпорност на Украина, вклучително и хуманитарна помош.
Нападот во понеделникот на трговскиот центарот Амстор предизвика голем пожар и темен чад, покажаа снимките на социјалните мрежи.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека во моментот на нападот во трговскиот имало повеќе од 1.000 цивили.
„За жал, досега, 18 лица загинаа во рускиот напад“, изјави на Телеграм Димитро Лунин, гувернерот на централната област Полтава, додавајќи дека 36 лица се водат како исчезнати, додека спасувачите продолжуваат со потрагата низ урнатините.