свет

Русија соопшти дека во Кременчук се погодени оружјето и муницијата испорачани од САД и европските земји

- Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, истакна дека од воздух со високопрецизно оружје во украинскиот град Кременчук го погодиле оружјето и муницијата доставени од САД и европските земји

Dmitri Chirciu  | 28.06.2022 - Обновена : 29.06.2022
Русија соопшти дека во Кременчук се погодени оружјето и муницијата испорачани од САД и европските земји

МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, истакна дека од воздух со високопрецизно оружје во украинскиот град Кременчук го погодиле оружјето и муницијата доставени од САД и европските земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Конашенков во главниот град Москва даде изјава за акциите на руската Армија во војната што неговата земја ја започна против Украина на 24 февруари.

Посочувајќи дека украинските сили претрпеа „критични“ загуби, Конашанков рече: „Како резултат на нападот на руските сили за воздушна одбрана врз баталјонот ‘Азов‘ и штабот на 92-та механизирана бригада во Харков, убиени се повеќе од 100 украински војници, странски платеници и уништени се 15 оклопни возила.“

Истакнувајќи дека руската Армија продолжува да ги напаѓа воените елементи во Украина, Конашенков рече:

„Во градот Кременчук во регионот Полтава, вчера со високопрецизно оружје од воздух од страна на руските сили за воздушна одбрана на Русија погодени се хангари со оружје и муниција пристигнати од САД и европските земји. Како резултат на нападот, погодени се оружјето и муницијата од западно производство складирани за испраќање на украинските војници во Донбас. Муницијата која експлодирала, предизвикала пожар во блискиот трговски центар кој не работел.“

Истакнувајќи дека во последните 24 часа уништени се 2 административни центри на украинската Армија во регионот на Доњецк и погодени се украински војници и воена опрема во регионот Луганск, Конашенков додаде дека руските воздушни борбени тактички единици уништиле 24 управувачки центри и војници и воена опрема на Украина.

Додавајќи дека се соборени 3 воени авиони од типот „Су-25“, хеликоптери од типот „Ми-8“ и 9 беспилотни летала на Украина, Конашенков наведе дека се запленети 7 балистички ракети „Точка-У“.

„До денес во Украина се уништени 218 авиони, 133 хеликоптери, 1.382 беспилотни летала, 350 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 3.837 тенкови и оклопни возила, 690 повеќецевни ракетни фрлачи, 3.037 хаубици и минофрлачи и 8.893 специјални воени возила“, нагласи Конашенков.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.