Mahmoud Mohamed Barakat
13 Септември 2023•Ажурирај: 14 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Повеќе од 36.000 луѓе се раселени поради поплавите во Либија, соопшти денес Агенцијата за миграција на ОН, јавува Анадолу.
„Најмалку 30.000 лица се раселени во Дерна поради ураганот 'Даниел', од кои 3.000 во Албајда, 1.000 во Алмхели и 2.085 лица во Бенгази“, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ) Либија на платформата на социјалната мрежа X.
Агенцијата на ОН процени дека бројот на загинати од неделата се искачил на 2.000, а 5.000 луѓе сѐ уште се водат како исчезнати.
„Ураганот 'Даниел' предизвика значителна штета на инфраструктурата, вклучително и на патната мрежа, а ја прекина и телекомуникациската мрежа“, се вели во соопштението на ИОМ.
Претходно денес Саадедин Абдул Вакил, потсекретар во Министерството за здравство на Владата на единството, за Анадолу изјави дека бројот на загинати се искачил над 6.000, а илјадници се водат како исчезнати.
Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во понеделникот објави бројка на 10.000 исчезнати лица.
Поројните дождови од ураганот „Даниел“ зафатија неколку области во неделата во Источна Либија, особено Бенгази, Ал-Бајда и Ал-Марџ, како и Соуса и Дерна.