Cem Genco
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
ХАТАЈ
Обединетите нации (ОН) испратија уште 39 камиони со хуманитарна помош во Идлиб, сириската покраина на северозападниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Колона камиони кои ја превезуваа помошта на ОН го поминаа граничниот премин „Чилвеѓозу“, во општината Рејханли, во близина на турскиот град Хатај.
Надлежните потврдија дека хуманитарната помош ќе биде поделена на луѓето во Идлиб и во блиските рурални подрачја, каде што веќе со години живеат во многу тешки услови.
Во првите шест месеци оваа година ОН испратија 6.834 камиони со помош за народот во Идлиб и околината.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.
Според податоците на ОН, стотици илјади луѓе оттогаш се убиени, а повеќе од 10 милиони се раселени.