Maımaıtımıng Yılıxıatı
03 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
АМАН /ЖЕНЕВА (АА) - Најмалку 330.000 лица неодамна го напуштија сирискиот јужнозападен град Дера, во областите во близина на јорданската граница, како последица на жестоките напади од страна на силите на сирискиот режим, се соопштува од ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од нив, вкупно 135.000 се деца“, изјави за АА, Хитам Малкави, портпаролот на ОН во Јордан, велејќи дека бројот бил повисок од очекуваниот.
Малкави итакна дека ОН го чекаат „вистинскиот момент“ за да започнат со доставување хуманитарна помош, во согласност со работните принците на органот.
Портпаролката на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права УНЦХР (OHCHR), Лиз Трусел, на прес-конференцијата изјави дека условите во Дера се влошени откако режимот и неговите сојузници ја лансирале нивната офанзива.
„Стотици илјади лица кои бегаат од насилството избегаа на границата меѓу Јордан и Сирија“, рече Трусел, повикувајќи ги земјите од регионот да ги отворат своите граници за бегалците.
„Ги почитуваме Турција, Јордан и Либан за сместувањето на толку голем број бегалци од Сирија и од други места од светот“, рече Трусел, додавајќи дека границата на Јордан со Сирија треба да остане отворена за оние кои бегаат од насилството.
На 12 јуни, сирискиот режим, поддржан од иранските милитантски групи и руските воздухопловни сили, започна голема операција насочена кон заземање делови од јужна Сирија од страна на опозицијата.
Во нападите на силите на Асадовиот режим, кои со руска воздушна поддршка беа извршени помеѓу 15 и 30 јуни, загинаа 214 цивили, вклучително 65 деца и 43 жени.
Поради нападите, илјадници цивили беа принудени да ги напуштат областите во близина на јорданската граница.
Во четвртокот, Аман изрази подготвеност да им помогне на ОН во помагањето на раселените Сиријци, но без отворање на својата граница.
Во последниве денови, Дера е цел на интензивни воздушни и копнени напади од страна на режимот на Асад и неговите сојузници, кои се пробија длабоко во источниот дел на Дера.
По мировните преговори минатата година во главниот казахстански град Астана, Дера беше назначена за зона без судири.