Adam Abu-bashal
17 Септември 2021•Ажурирај: 19 Септември 2021
АБУЏА
Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека 186.000 луѓе мигрирале во соседните земји Чад и Нигер поради насилствата во Нигерија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-високиот комесар на УНХЦР, Рауф Мазу и неговата делегација го посетија Хаџија Садија Умар Фарук, нигерискиот министер за хуманитарни прашања, управување со катастрофи и социјален развој.
Мазу, во изјава за време на посетата рече дека насилствата во Нигерија кои продолжуваат се загрижувачки.
Истакнувајќи дека 170.000 луѓе се засолниле во Нигер, а 16.000 луѓе во Чад поради насилствата во земјата, Мазу рече: „Ова е тешка ситуација. Особено во сојузната држава Борно, каде што има речиси 3 милиони внатрешно раселени лица.“
Мазу нагласи дека УНХЦР сака да обезбеди помош за оние што се во земјата.
Во напад на припадниците на Боко Харам врз воен конвој на Автопатот Маидугури - Мугоно во сојузната држава Борно вчера загинаа 12 лица.
Повеќе од 20.000 луѓе загинаа во масовните акти на насилство на терористичката организација Боко Харам, која постои во Нигерија од почетокот на 2000-тата година.
Организацијата, исто така, од 2015 година наваму изврши напади врз пограничните соседи на земјата - Камерун, Чад и Нигер. Најмалку 2.000 луѓе ги загубија животите во нападите на организацијата во басенот на езерото Чад.