Ahmet Furkan Mercan
12 Јули 2021•Ажурирај: 14 Јули 2021
ТОКИО (АА) - По предупредувањата за поројни дождови во Јапонија, на околу 245.000 лица им е наредено да се евакуираат и да преминат во јужните префектури, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија на Јапонија (ЈМА) издаде предупредување за силен дожд и можни поплави и свлечишта во крајбрежните префектури на југот на земјата.
Предупредувањето за можни одрони и свлечишта е издадено од Агенцијата за метеорологија за префектурите Кумамото, Мијазаки и Кагошима.
„Локалното население во споменатите подрачја треба да биде многу внимателно поради можноста од поплави и свлечишта“, се вели во предупредувањето.
По издаденото предупредување, во трите префектури е издадена наредба за евакуација на 245.000 лица.
Според агенцијата „Кјодо“, се срушил пат во Кагошима поради свлечиште предизвикано од силен дожд.
Во свлечиштето се заглавени 10 семејства, а државата формира 100 центри за евакуација во Кагошима.
Десет лица ги загубија животите, а 18 лица се водат како исчезнати во свлечиштето предизвикано од поројните дождови на 3 јули во префектурата Шизуока.