свет

Одложен состанокот на палестинските групи кој требаше да се одржи во Египет

- Состанокот на палестинските групи, кој се очекуваше да се одржи во Каиро, главниот град на Египет, е одложен

Hacer Başer  | 10.06.2021 - Обновена : 11.06.2021
Одложен состанокот на палестинските групи кој требаше да се одржи во Египет

РАМАЛА 

Состанокот на палестинските групи, кој се очекуваше да се одржи во Каиро, главниот град на Египет, е одложен, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мустафа ел Бергуси, генерален секретар на Иницијативата за палестинското национално движење, во изјавата за Агенција Анадолија рече дека официјално се информирани дека состанокот е одложен без да се каже некоја причина.

Наведувајќи дека ќе се одреди нов датум за состанокот, Бергуси нагласи дека делегациите на палестинските групи сѐ уште не заминале во Каиро.

Египет на 1 јуни ги покани палестинските групи во Каиро, со цел да се стави крај на поделбата и да се договорат за прашањата кои се однесуваат на националното единство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.