Muhammed Boztepe
04 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека од почетокот на операцијата „Пролетен штит“ неутрализирани се 3.138 режимски елементи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Олџај Денизер, началникот на Одделот за план, координација и анализа во Советништвото на Министерството за одбрана на Турција, даде информации во однос на операцијата „Пролетен штит“, што продолжува во Идлиб.
Истакнувајќи дека двајца војници го загубиле својот живот, а 6 војници се повредени како резултат на отворањето оган од страна на режимот кон областа на операцијата, Денизер рече дека утврдените цели во регионот веднаш биле нападнати и дека ќе продолжат да ги напаѓаат.
„Од почетокот на операцијата до денес уништени се 3 авиона, 8 хеликоптера, 3 беспилотни летала, 151 тенк, 47 топа, 8 системи за противвоздушна одбрана, 24 оклопни возила, 27 оклопни борбени возила, 34 вооружени пикап-возила, 60 воени возила и 10 складишта со муниција. Исто така, неутрализирани се 3.138 режимски елементи. Операциите ќе продолжат сè додека не се искршат крвавите раце кои се протегаат кон турските војници и невините цивили“, нагласи Олџај Денизер.
„Посакуваме божја милост за војниците што ги загубија своите животи и упатуваме сочувство до нивните семејства, Турските вооружени сили и нашиот благороден народ. На повредените војници им посакуваме да оздрават побргу", додаде Денизер.