Muhammet Nusret Altun
31 Мај 2019•Ажурирај: 01 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Мексиканскиот претседател Мануел Лопес Обрадор реагираше на одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за воведување 5 отсто царина за нелегалните мигранти, со цел да се спречи нивниот влез во САД преку Мексико, пренесува Anadolu Agency (AA).
Обрадор, во својата писмена изјава, критикувајќи ја одлуката на Трамп, рече дека социјалните прашања, како што е миграцијата, не можат да се решат со наредби и принудни мерки.
„Ова немојте да го заборавите, имам храброст, не сум кукавица или срамежлив, но сакам да се дејствува во согласност со принципите“, нагласи Обрадор.
Осврнувајќи се на улогата на мигрантите во историјата на САД, Орбадор истакна: „Статуата на слободата не е само празен симбол“.
Истакнувајќи дека на чело со мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард, во Вашингтон ќе испрати делегација за решавање на проблемот на мирен начин, Обрадор додаде дека Мексико ги исполнува своите обврски во однос на илегалните мигранти.
Трамп, кој долго време јавно ги кажуваше своите жалби во однос на нелегалните мигранти и сакаше да изгради граничен ѕид меѓу САД и Мексико, последните денови ги зголеми критиките кон Владата на Мексико.
Во средата, во областа Ел Пасо во Тексас, околу илјада илегални мигранти беа приведени. Трамп изјави дека нема да се толерираат таквите видови гранични преминувања.
Денес, претседателот на САД, Доналд Трамп, на својот твитер-профил напиша: „Мексико не презема никакви мерки за спречување на нелегалните мигранти кои доаѓаат од Латинска Америка. За да се спречи влегувањето на нелегалните мигранти преку Мексико во САД, воведени се 5 отсто царински давачки за таа земја.“