Serdar Bitmez,Gülşen Topçu
31 Мај 2019•Ажурирај: 02 Јуни 2019
ДОХА
Емирот на Катар, шеик Тамим бин Хамад ал Тани, го ратификуваше Законот за изградба на „медиумски град“, кој има за цел администрирање на медиумските активности во земјата и развој на медиумите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според QNA, новинската агенција на Катар, шеикот Тамим го одобрил Законот за изградба на медиумски град, кој ќе има независен буџет, а границите на градот ќе бидат определени од Владата.
Медиумскиот град има за цел да управува со медиумите во Катар, да ги развива, и исто така да ги смести во градот меѓународните медиуми, технолошките компании и истражувачките и образовните институциите кои работат во областа на печатот и дигиталните медиуми.
Медиумскиот град, кој ќе биде како слободна зона, ќе има овластувања да дава дозволи за отворање телевизии, радио-канали и дозволи за издавање и дистрибуција на весници, списанија и книги. Медиумскиот град, исто така, ќе ги поддржи и локалните медиуми во Катар.
Седиштето на големите медиумски компании како „Скајњуз Арабија“ („Skynews Arabia“), „Си-ен-ен Арабија“ („CNN Arabia“) и „Ем-би-си“ (MBC) се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Катар со медиумскиот град има за цел да биде атрактивен центар за медиумските компании низ светот.