Aida Cako
22 Декември 2025•Ажурирај: 24 Декември 2025
СПИНАГАР (АА) - Обилни снежни врнежи ги покрија со бела покривка индиски администрираниот Џаму и Кашмир вчера, означувајќи го почетокот на Чилаи Калан – најсуровиот 40-дневен зимски период во регионот, јавува Анадолу.
Со наглиот пад на температурите, пејзажите се претворија во зимска разгледница, но снегот истовремено го отежни секојдневниот живот.
Локалните жители и туристите ја искористија снежната атмосфера за санкање и играње со снежни топки, додека на некои места се користеа коњи како превоз низ снежните патеки.
Поради лизгавите коловози, сообраќајот се одвиваше забавено, а на голем број патишта беше отежнато движењето.
Покрај патиштата, киосците и малите дуќани беа затрупани под дебели слоеви снег.
Чилаи Калан традиционално е познат по температури под нулата и чести обилни снежни врнежи, кои често доведуваат до прекин во сообраќајните и комуникациските врски, изолирајќи ја долината од остатокот на регионот во текот на зимските месеци.