свет

Обилни дождови го поплавија јужниот полски град Келце

– Силни врнежи од дожд предизвикаа поплави во јужниот полски град Келце, каде што под вода се најдоа повеќе улици и делови од населбите, покажуваат снимките направени денес

Aida Cako  | 28.07.2025 - Обновена : 29.07.2025
Обилни дождови го поплавија јужниот полски град Келце

СКОПЈЕ (АА) – Силни врнежи од дожд предизвикаа поплави во јужниот полски град Келце, каде што под вода се најдоа повеќе улици и делови од населбите, покажуваат снимките направени денес, јавува Анадолу.

Полската метеоролошка служба (IMGW) претходно издаде предупредување од највисоко, трето ниво, за повеќе региони во земјата, меѓу кои и Ополе, Шлеска и Малополска, поради очекуваните интензивни врнежи и грмежи.

Властите предупредија дека количеството на врнежи може да достигне до 120 литри на квадратен метар, со налети на ветер до 80 километри на час и појава на локализиран град, што може да предизвика прекини во електричната енергија и други нарушувања во секојдневното функционирање.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın