свет

Норвешка: Нападот со лак и стрела е категоризиран како терористички акт

Службата за разузнавање и безбедност истакна дека напаѓачот, 37-годишен дански државјанин, има криминално досие, и се истражуваат причините за извршувањето на нападот

Atila Altuntaş  | 14.10.2021 - Обновена : 15.10.2021
Норвешка: Нападот со лак и стрела е категоризиран како терористички акт

СТОКХОЛМ (АА) - Норвешката служба за разузнавање и безбедност (PST) соопшти дека нападот со лак и стрела што вчера се случи во близина на еден маркет во градот Конгсберг е вклучен во опсегот на терористички акт, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата дадена од Службата за разузнавање и безбедност се наведува дека напаѓачот, 37-годишниот дански државјанин, има криминално досие, и се истражуваат причините за извршувањето на нападот.

Се посочува дека инцидентот во моментов е ставен во рамките на терористички акт и се потсетува дека во Норвешка не постои елемент кој претставува поголема закана.

На 13 октомври, во 18:13 часот по локално време, напаѓачот изврши напад со лак и стрела врз луѓето околу маркетот „Coop“ во градот Конгсберг, при што загинаа пет лица, а две лица се повредени. Напаѓачот е уапсен од полицијата половина час по инцидентот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.