свет

Лавров: Нема да биде можно САД да распоредат антитерористички сили во Централна Азија

„Повторувам, нашите пријатели од Централна Азија ни велат дека не сакаат ваква иницијатива од САД или од земјите од НАТО“, нагласи Лавров.

Ali Cura  | 14.10.2021 - Обновена : 15.10.2021
Лавров: Нема да биде можно САД да распоредат антитерористички сили во Централна Азија

МИНСК (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека земјите од регионот се против американското барање за распоредување војници во Централна Азија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Лавров кој учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Заедницата на независни држави кој се одржа во Минск, главниот град на Белорусија, одговараше на новинарски прашања за намерата на САД да распоредат антитерористички сили во Узбекистан.

Истакнувајќи дека Русија е во постојан контакт со своите соседи, сојузници и стратешки партнери во Централна Азија, Лавров рече: „Таквите посети за нив не се прифатливи.“

Нагласувајќи дека не е запознаен со намерите на САД во оваа насока, Лавров предложи прашањето да биде упатено до администрацијата на Узбекистан.

„Повторувам, нашите пријатели од Централна Азија ни велат дека не сакаат ваква иницијатива од САД или од земјите од НАТО“, нагласи Лавров.

Покрај тоа, Лавров, истакнувајќи дека контактите во рамките на односите Русија - САД продолжуваат, рече дека се разгледуваат потенцијални програми за поголем број контакти меѓу лидерите на двете земји.

„Дефинитивно, постои јасна заемна желба за развој на такви контакти“, додаде Лавров.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.