Ahmet Dursun
26 Август 2021•Ажурирај: 28 Август 2021
АНКАРА (АА) - Новиот министер за надворешни работи на Иран, Хусеин Емир Абдулахијан, истакна дека односите со соседите и азиските земји се нивни првични приоритети во надворешната политика, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„За мене е гордост да ја претставувам големата иранска нација во областа на надворешната политика и меѓународните односи“, напиша Абдулахијан на својот твитер-профил.
„Решителни сме да следиме балансирана, активна и паметна дипломатија врз основа на чесни, рационални и здраворазумски принципи. Соседите и Азија се нашите првични приоритети“, рече тој, укажувајќи на преференциите на Иран во надворешната политика во новиот период.
Од друга страна, поранешниот шеф на иранската дипломатија, Мухамед Џевад Зариф, преку социјалните мрежи упати честитки до Абдулахијан за неговата нова должност, посакувајќи му успех во работата.