Ahmet Gençtürk
08 Ноември 2023•Ажурирај: 09 Ноември 2023
АТИНА (АА) - Новата словачка Влада одби да го одобри пакетот воена помош за Украина, пренесува Анадолу.
Пакетот воена помош во вредност од 40,3 милиони евра беше подготвен од Владата во заминување и вклучуваше четири милиони куршуми за пушки, 5.172 парчиња артилериски гранати, 140 проектили за противвоздушна одбрана, осум минофрлачи и 1.200 мини, соопшти државната новинска агенција ТАСР.
Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, Словачка ѝ обезбеди на Украина 13 пакети воена помош во вредност од 671 милион евра.
Новиот премиер на Словачка, Роберт Фицо, на 26 октомври рече дека неговата Влада ќе ја запре воената помош за Украина.
Левичарската партија на Фицо, СМЕР, победи на изборите во септември со ветување дека ќе ја прекине воената помош за Украина, ќе ја запре имиграцијата и ќе го брани суверенитетот на Словачка.