Нова алатка базирана врз вештачка интелигенција може однапред да предвиди ризик од над 1.000 болести
Научното списание „Нејчр“ откри дека модифициран јазичен модел наречен „Делфи-2М“ врз здравствени досиеја и фактори на животниот стил ја проценува веројатноста за развој на заболувања и нарушувања на имунитетот и до 20 години однапред.

ИСТАНБУЛ (АА) – Нова алатка базирана врз вештачка интелигенција (ВИ) може да го предвиди ризикот за повеќе од 1.000 болести кај едно лице, во некои случаи и децении пред нивната појава, се вели во една нова студија, јавува Анадолу.
Во студијата, објавена во научното списание „Нејчр“, се открива дека модифициран јазичен модел наречен „Делфи-2М“ користи здравствени досиеја и фактори на животниот стил за да ја процени веројатноста за развој на состојби како рак, кожни заболувања и нарушувања на имунитетот и до 20 години однапред.
За разлика од досегашните алатки што предвидуваа ризик од поединечни болести, „Делфи-2M“ е дизајниран за да процени веројатност за развој на 1.258 различни заболувања, земајќи ги предвид возраста, полот, индексот на телесна маса и навиките, како пушење и консумирање алкохол.
Претходните алатки за вештачка интелигенција го предвидуваа ризикот од индивидуални состојби, како што се рак или кардиоваскуларни заболувања, а модифицираниот модел е дизајниран да ја предвиди веројатноста за развој на 1.258 болести кај едно лице врз основа на нејзината медицинска историја, земајќи ги предвид возраста, полот, индексот на телесна маса и факторите на живот, вклучително пушење и консумирање алкохол.
„Делфи-2М“ во најголем дел од болестите покажал подобра или еднаква точност во споредба со постојните модели што се фокусираат само на една болест.
Алатката е развиена и тестирана врз основа на анонимизирани податоци од 400.000 учесници во британската УК Биобанк и од 1,9 милиони пациенти во данскиот национален регистар на пациенти.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.