Ömer Yetkin Acar
28 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
САО ПАОЛО (АА) - Дирекцијата за здравство во сојузната бразилска држава Рио де Жанеиро соопшти дека е регистриран прв случај на жолта треска во регионот Сао Фиделис, а станува збор за шести случај на таа опасна болест регистриран во изминатите неколку дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Во градот Касимиро де Абреу во државата Рио, во изминатите неколку дена беше дијагностицирана жолта треска кај петмина пациенти, а еден 38-годишен маж почина.
Шест случаи на оваа болест се регистрирани вчера, во Сао Фиделис, кој се наоѓа на 104 километри северно од Касимиро.
Новиот случај ги алармираше надлежните служби во Бразил како показател дека ширењето на жолта треска не е запрено.
Од канцеларијата на началникот на Сао Фиделис соопштија дека 20.000 од вкупно 38.000 жители тој ден се вакцинирани против жолта треска.
Во последните неколку недели, вакцинацијата е завршена во руралните, а во наредните денови се очекува да бидат вакцинирани и жителите во централното градско подрачје.
Во болниците, под опсервација се уште 35 пациенти во Рио де Жанеиро, кај кои се појавиле симптоми на жолта треска.
Низ градот од саботата се врши вакцинација, а вакцината против жолта треска на првиот ден од кампањата ја примија повеќе од 200.000 луѓе.
Досега во Бразил се регистрирани 500 случаи на жолта треска, а испитувања се прават кај повеќе од 2.100 пациенти.
Надлежното министерство ја испитува причината за смртта на 277 луѓе, но досега е потврдено дека 162 починале од жолтата треска.