свет

Нов Зеланд: Заедничка молитва и погреб на жртвите од терористичкиот напад

- Илјадници луѓе присуствуваа на молитвата и погребот, на кој беше погребан и Муџад Ибраим, 3,5-годишно дете кое исто така беше жртва на терористичкиот напад

Emel Öz Gözellik  | 22.03.2019 - Обновена : 23.03.2019
Нов Зеланд: Заедничка молитва и погреб на жртвите од терористичкиот напад

АНКАРА

Во меморијалниот парк „Крајстчрч“ беше извршена заедничка молитва и погреб на 26 жртви на терористичкиот напад во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Нов Зеланд, јавува Anadolu Agency (AA).

Илјадници луѓе присуствуваа на молитвата и погребот, на кој беше погребан и Муџад Ибраим, 3,5-годишно дете кое исто така беше жртва на терористичкиот напад.

Првата петочна молитва на Нов Зеланд по терористичкиот напад на џамиите во Крајстчрч, во кој се убиени 50 и ранети исто толку муслимани, ја одбележа емитувањето на повикот на молитва („езан“) во живо на државните медиуми Радио „Нов Зеланд“ (RNZ) и Телевизија „Нов Зеланд“ (TVNZ).

На целата територија на Нов Зеланд одржани се програми во знак на сеќавање и оддавање почит кон жртвите од терористичкиот напад во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“.

Откако преку јавните емитери е емитуван езанот за петочната молитва, во целата земја е одржано двеминутно оддавање почит кон убиените.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, присуствуваше на петочната молитва во паркот „Хагли“ во Крајстчрч.

Премиерката Ардерн во кусото обраќање пред петочната молитва, во кое го цитираше Божјиот пратеник Мухамед, порача дека сите верници се како едно тело.

„Божјиот пратеник Мухамед има кажано: ‘Верниците едни на други си укажуваат почитување, сочувство и симпатии и тие се како едно тело. Ако еден дел од телото боледува, и другите делови му се придружуваат во болката’. Нов Зеланд е со вас. Во жалоста ние сме едно“, порача премиерката Ардерн.

Новозеландската полиција го уапси 28-годишниот напаѓач Брентон Тарант од Австралија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın