Adam Abu-bashal
16 Септември 2021•Ажурирај: 16 Септември 2021
АБУЏА (АА) - Повеќе од 100 луѓе починаа од колера во последните шест месеци во нигериската држава Нигер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мухамед Макусиди, комесарот за здравство на Нигер, изјави дека во периодот од април досега, епидемијата на колера се проширила во 25 региони на државата.
Од јануари досега колера е дијагностицирана кај 65.145 луѓе низ целата земја, од кои животот го загубија повеќе од 2.000 луѓе.
- Што е колера?
Колера е болест предизвикана од бактеријата Vibrio, која се пренесува преку храна и вода. Колерата која предизвикува тешка дијареја и губење на вода во телото, може да биде фатална за животот доколку не се лекува.
Во Нигерија, немањето можност да се задоволат потребите од чиста вода и брза и ефективна медицинска интервенција, го зголемува ризикот од болести и можни смртни последици.
Епидемии на маларија, детска парализа, тифусна треска и мајмунски сипаници се честа појава во земјата.