Ömer Aydın
18 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Се соопштува дека лицето кое му го одземало оружјето на војникот кој патролирал на аеродромот Орли во Париз, се скрило во една продавница и по спроведената операција од страна на безбедносните сили, напаѓачот е неурализиран, јавува Anadolu Agency (AA).
По настанот на аеродромот Орли кој е втор по големина аеродром во Париз, во 08:30 часот по локално време испратени се специјални единици, кои започнале пребарување на аеродромот, кој за таа цел претходно бил испразнет.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Франција, Пјер-Анри Брандет изјави: „Едно лице откако му го одземало оружјето на војникот кој бил во патрола на аеродромот Орли во Париз, се сокрило во една продавница. По спроведената операција од страна на безбедносните сили, напаѓачот е неурализиран”.
Портпаролот соопшти дека кон аеродромот Орли се упатил францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ле Ру и освен напаѓачот, нема починати или ранети лица.
Додека кон аеродромот Орли биле испратени и екипи за откривање и деактивирање на бомби, специјалните единици спровеле операција во која го испразниле аероромот и неговата околина. Беа запрени и метроата и возовите кои се движат кон аеродромот Орли.
Француската полицијата и раководството на аеродромот во Париз, преку социјалната мрежа Твитер упатија порака до граѓаните со предупредување, истакнувајќи дека „операцијата на аеродромот продолжува, потребно е да се биде подалеку од подрачјето на аеродромот”.