Murat Ünlü
18 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Аеродромот Орли, кој се наоѓа во близина на Париз бил евакуиран откако било погодено едно лице кое се обидело да му го одземе оружјето на еден војник кој бил задолжен за обезбедување на аеродромот, јавува Anadolu Agency (AA).
По неутрализирањето на едно лице кое се обидело да му го одземе оружјето на еден војник од единиците Сентинел, кои се задолжени за обезбедуањето, аеродромот Орли е испразнет и во подрачјето е започната операција.
Се уште нема информации дали напаѓачот е терорист или не и дали напаѓачот е убиен.