Gülşen Topçu
07 Февруари 2019•Ажурирај: 08 Февруари 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека донел одлука тајноста на документите за спроведените операции на израелската разузнавачка служба Шин-Бет (Шабак) и службата за надворешно разузнавање Мосад, да биде продолжена за уште 20 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Според израелскиот весник „Харец“ („Haaretz“), Нетанјаху, во јануари годинава ја донел одлуката „поради безбедносни причини кои бараат претпазливост“, и според неа, документите кои се чуваат во тајност од 1949 година досега ќе останат тајна и во следните 20 години.
Во веста се вели дека еден од документите е поврзан со убиството на еден од лидерите на Хамас, Махмуд ал Мебхух од страна на Мосад во Дубаи во 2010 година.
Од друга страна, организациите за човекови права одлуката на Нетанјаху ја проценија како „своеволна“. Според нив, со необјавувањето на архивските документи се игнорира јавниот интерес.
Израелскиот Парламент во 2018 години препорача тајноста на споменатите документи да се продолжи за уште 5 години.
Весникот наведува дека донесената одлука ќе спречи да се откријат информациите за операциите и масакрите на Израел извршени врз Палестинците од 1948 година до денес.