Enes Canlı
07 Октомври 2023•Ажурирај: 09 Октомври 2023
КУДС (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во врска со нападот што утринава го започна Хамас од блокираниот Појас Газа врз Израел, порача дека не станува збор за операција или возвратен напад, туку војна, известува Анадолу.
Нетанјаху објави видео-порака по повод нападот „Aqsa Flood“ што го покренаа Бригадите Изедин Касам, военото крило на Хамас, врз Израел.
„Граѓани на Израел, ние сме во војна. Ова не е ниту операција, ниту возвратен напад, ова е војна. Хамас од утринските часови изведува крвави напади врз израелските граѓани. Во ова сме од утринските часови“, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Премиерот на Израел изјави дека по состанокот со безбедносните сили наредил „чистење“ на израелските населби во кои се инфилтрирани палестинските вооружени групи околу блокираниот Појас Газа.
Нетнјаху истакна дека дал опсежни инструкции за повикување на резервните војници и „борба без преседан против непријателот“.