Ahmad Adil
07 Октомври 2023•Ажурирај: 10 Октомври 2023
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Бројката на исчезнати лица по поплавите кои ја зафатија индиската североисточна држава Сиким се зголеми на 141, а 27 лица смртно настрадаа, соопштија денес државните власти, пренесува Анадолу.
Според најновите податоци на државните власти за управување со катастрофи, 141 лицe се водат за исчезнати, а бројката на починати се зголемила на 27.
Акциите за претрага и спасување продолжуваат четврти ден.
Повеќе од 25.000 луѓе се засегнати од поплавите во Индија, а 1.200 се оштетени, соопштија властите, додавајќи дека речиси 6.900 луѓе живеат во кампови поставени од Владата.
Во поплавата исчезнаа 23 војници во средата, а еден е спасен.
Индиската национална управа за катастрофи во средата објави дека надојдените води оштетите инфраструктурни објекти, вклучувајќи ја и браната Чангтанг.