Ahmed Asmar
28 Мај 2024•Ажурирај: 29 Мај 2024
ГАЗА (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, вчера ја нарече „трагична несреќа“ смртта на десетици палестински цивили што беа убиени во израелскиот воздушен напад врз Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.
Најмалку 45 лица, главно жени и деца, се убиени, а близу 250 се ранети во неделниот израелски напад врз кампот за раселени лица во Рафа.
Зборувајќи во Кнесетот, израелскиот парламент, Нетанјаху рече дека до страдање на цивилите дошло кога израелските сили гаѓале припадници на палестинското движење Хамас во Рафа.
Нападот се случи во неделата во близина на логистичката база на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во Тал ал-Султан.
Нападот предизвика остри осуди од целиот свет во период во кој сѐ погласни се обвинувањата дека Израел им пркоси на повиците да ја запре смртоносната офанзива во Појасот Газа.