Gülbahar Sayım
01 Јуни 2021•Ажурирај: 02 Јуни 2021
ЈАУНДЕ
Најмалку 10 лица го загубија животот во несреќата што се случи во рудник за злато во Камерун, известува Агенција Анадолија (АА).
Грегоар Мвонго, претставник на локалната власт, изјави дека дошло до несреќа во рудникот за злато во регионот Камбеле во источниот дел на земјата, информирајќи дека во несреќата загинале најмалку 10 лица што илегално работеле во рудникот, а дека 6 лица биле повредени.
Фаталните несреќи се честа појава во рудниците што се наоѓаат во северните и источните региони на земјата.
Според податоците на камерунското Министерство за рударство, речиси 50 лица го загубиле животот во околу 20 рударски несреќи во последните две години.