Recep Şakar
08 Август 2018•Ажурирај: 10 Август 2018
МЕЛБУРН (АА) - Научниците од неколку земји ќе се борат проти бумбарите носорози кои им нанесуваат штета на стеблата на кокосовите палми во пацифичките земји. На овој вид инсекти не делуваат пестицидите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ентомологот Обри Мур изјави дека научници од неколку земји во светот ќе се соберат со цел да пронајдат решение во борбата против бумбарот носорог од видот CRGB, кој во потполност е отпорен на пестицидите што се користат во моментов, а кој им нанесува штета на стеблата на кокосовите палми.
Мур истакна дека во многу подрачја, меѓу кои и во Гуам, бумбарите носорози им се закануваат на половината од вкупниот број кокосови палми.
„Ова е проблем распространет на Пацификот. Тоа претставува голем проблем на Папуа Нова Гвинеја, Соломонските Острови и други подрачја. Овој нов биовид на CRGB бумбар носорог во потполност е надвор од контрола“, додаде Мур.
Состанокот би требало да се одржи оваа недела во Австралија, а новозеландскиот научен институт „AgResearch“, по средбата во Австралија планира да одржи уште два состанока.
Резултатите од истражувањето што се објавени во јули 2018 година, во кои се опфатени две години по ураганот Винстон што го погоди Фиџи во 2016 година, покажуваат дека бројот на бумбарите носорози е зголемен за 30 отсто.
Бумбарот носорог ги оштетува младите стебла на кокосовата палма и на тој начин го спречува растот на дрвото.